„Панче Пешев“ ќе одржи годишен концерт

16.06.2015 08:47 | KumanovoNews

Културно-уметничкото друштво “Панче Пешев“ на 19 јуни во МКЦ“Козјак“,  ќе одржи годишен концерт со почеток во 19.30 часот.

„Панче Пешев“ ќе одржи годишен концерт

Ќе настапат две пионерски групи подготвени од младите инструктори и првиот ансамбал.

Интензивно се подготвуваме за годишниот концерт. Гости ќе ни бидат фолклорно студио “Етнос“, еден од подобрите ансамбли во Скопје , Маргица Антевска и Нино Величковски, а специјални гости се нашите сограѓани од Ѕвездите на гранд, Ивона Јовановиќ и Мартинијан Кириловски. Помагател ни е ресторан “Грација“ - вели Мирослав Крстевски, уметнички раководител и претседател на КУД „Панче Пешев“.

Влезот ќе биде слободен и се повикуваат сите граѓани, љубители на фоклорот да присуствуваат на концертот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk