„Панче Пешев” ќе учествува на меѓународен фестивал во Варна

28.07.2017 08:49 | KumanovoNews

КУД “Панче Пешев” утре вечер патува во Варна, Бугарија каде ќе учествува на 26-тиот Меѓународен фолклорен фестивал Варна 2017.

„Панче Пешев” ќе учествува на меѓународен фестивал во Варна

Фестивалот е еден од трите најдобри фестивали во Бугарија и е под покровителство на CIOFF.  

“Во изминатиот период интензивно се подготвувавме и се надеваме дека ќе успееме на најдобар можен начин да ја претставиме нашата земја, нашиот град и се разбира богатиот македонски фолклор и традиција.  Фестивалот е еден од најреномираните фестивали во Бугарија на кој земаат учество најдобрите светски културно уметнични друштва. Се надеваме дека ќе успееме да добиеме некоја од наградите што ќе биде дополнителна мотивација за понатамошна по напорна работа “ – изјави Мирослав Крстевски, претседател на друштвото.

На фестивалот настапуваат учесници од 15 земји меѓу кои Грузија, Колумбија, Полска, Индија, Перу, Турција и др.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk