Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Културно - уметничкото друштво “Панче Пешев“ од 20 до 23 јуни ќе учествува на 20 - ти по ред фолклорен собир во Косовска Митровица.
Фестивалот е од натпреварувачки карактер, а играорците од “Панче Пешев“ ќе се претстават со игри и песни од кумановско и игри и песни од другите региони на Република Македонија.
Учествувавме во 2012 година и освоивме три први места во различни категории, а се надеваме дека на најдобар можен начин и оваа година ќе го презентираме кумановскиот фолклор, македонската традиција и култура. На собирот се поканети и општините од каде доаѓаат ансамблите, односно поканета е и општина Куманово - изјави Мирослав Крстевски, претседател и уметнички раководител на “Панче Пешев“.
На фолклорниот собир ќе настапат ансамбли од Требиње, Подгорица, Зрењанин, Ниш, Белград, Рашка, Бања Лука, Горњи Милановац, Лепосавич, Косовска Митровица и Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk