Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Културно - уметничкото друштво “Панче Пешев“ од 18 до 27 јули ќе учествува на меѓународен фолклорен фестивал во Велико Трново, Бугарија.
Таму играорците ќе се претстават со игри и песни од сите региони на Македонија.
- Ние во 2011 година учествувавме на овој фестивал и оставивме впечаток со презентација на македонската кујна, традиција и фолклор и затоа сме поканети. Се подготвуваме со полна пареа и ќе ја презентираме Македонија и Куманово на начин на кој знаеме. Ова е еден од најзначајните фестивали во Југосточна Европа - вели Мирослав Крстевски, претседател и уметнички раководител на “Панче Пешев“.
На фестивалот ќе има 18 ансамбли од сите континенти.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk