„Панче Пешев“ настапи на „Илинденски денови“ во Битола

01.08.2018 10:20 | KumanovoNews

Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ викендов настапи на 48. Меѓународен фолклорен фестивал „Илинденски денови“ во Битола, кој се одржува под закрилата на големото светско семејство CIOFF.

„Панче Пешев“ настапи на „Илинденски денови“ во Битола

 - КУД „Панче Пешев“ го претстави кумановскиот свадбарски обичај „Китење на младоженецот“. Настапот беше збогатен со изворниот оркестар, пеачката група и фолклорниот ансамбл, за што беше награден со громогласниот аплауз од публиката, - соопштуваат од друштвото.

На Меѓународен фолклорен фестивал „Илинденски денови“ во Битола, настапија и друштва од Јапонија, Полска, Хрватска, Србија како и од Македонија.

Фестивалот традиционално започна со дефиле низ Широк Сокак, а продолжи на ракометното игралиште пред многубројна публика од градот и дијаспората.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk