Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Културно - уметничкото друштво “Панче Пешев“ од 18 до 27 јули настапи на Меѓународен фолклорен фестивал во Велико Трново, Бугарија.
- Се претставивме со дел од својата богата културно - уметничка програма, која беше одлично прифатена од тамошната публика. Посебен акцент беше ставен на сочуваната автентична носија како и игрите и песните со кои се претстави друштвото. Играорците настапија и на Меѓународниот фолклорен фестивал во Разград, каде што престојувавме два дена и во Ласкоец каде одржаа целовечерен концерт, - изјави Мирослав Крстевски, претседател и уметнички раководител на друштвото.
На фестивалот “Панче Пешев“ ја презентираше и македонската кујна.
Во Велико Трново гостуваа ансамбли од повеќе земји меѓу кои: Грузија, Египет, Индонезија, Колумбија, Индија, Мексико, Романија и повеќе друштва од Бугарија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk