„Панче Пешев“ одржа новогодишна фолклорна вечер

26.12.2015 11:43 | KumanovoNews

Во МКЦ „Козјак“ синоќа културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ одржа новогодишна фолклорна вечер.

„Панче Пешев“ одржа новогодишна фолклорна вечер

Пред присутните се претставија и ансамблите „Битола“ од Битола и „Етнос“ од Скопје. Гости на вечерта беа Маргица Антевска, Мартинијан Кириловски, Милена Стројмановска, а манифестацијата ја помогна ресторан Грација заедно со МКЦ.

Сметам дека овие час и половина ќе имаат можност љубителите на фолклорот да уживаат во македонскиот мелос, култура, традиција и темпераментниот, брз фолклор од Македонија. Мислам дека ќе стане манифестацијата традиционална, фолклорот е многу добар секаде каде ќе одиме освојуваме награди така што жално е нашите луѓе да не го гледаат тоа - рече Мирослав Крстевски, претседател и уметнички раководител на „Панче Пешев“.

Мартинијан Кириловски се престави со песната „Јас знам“ и со македонската народна песна „Јовано , Јованке“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk