“Панче Пешев“ освои три награди во Косовска Митровица

24.06.2014 10:36 | KumanovoNews

Културно - уметничкото друштво “Панче Пешев“ освои 3 први награди на 20 - от собир на културно творештво на Србија во Косовска Митровица.

“Панче Пешев“ освои три награди во Косовска Митровица

“Панче Пешев“ се закити со прва награда за најоригинален костум, за најдобар оркестар и севкупен победник како ансамбал.

  - Добивме пехар за освоено прво место и големо знаме кое се доделува на победникот. Многу сме задоволни од настапот, приемот, дружењето и многу српски медиуми ја пренесоа веста за наградите кои ги освоивме. Во рамки на манифестацијата имаше ликовна колонија, средба на писатели и други културни збиднувања - вели Мирослав Крстевски, претседател и уметнички директор на “Панче Пешев“.

На собирот учествуваа 11 ансамбли од бившите југословенски републики.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk