„Панче Пешев„ се врати од фестивал во Германија

23.07.2015 12:36 | KumanovoNews

 Културно уметничкото друштво “Панче Пешев“ се врати од Меѓународниот фолклорен фестивал во Шлиц,  Германија.

„Панче Пешев„ се врати од фестивал во Германија

 Фестивалот се одржа од 9-ти до 14-ти јули, под покровителство на CIOFF. На фестивалот учествувале  фолклорни групи и познати музички изведувачи од 12 земји.

Фестивалот е еден од 10-те најдобри светски фолклорни фестивали и беше организиран на многу високо ниво. Секојдневни активности и настапи, посети на знаменитости, организирани дружења помеѓу ансамблите меѓусебно како и со семејствата домаќини. На тој начин имаше можност да се доближат двете различни култури и традиции, - велат од друштвото.

Друштвото настапуваше и во градот Пазин, Истарска Жупанија и на Меѓународен фолколерен фестивал во Пореч.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk