Панихида за Драган Богдановски на Градски гробишта

08.09.2015 11:03 | KumanovoNews

Ветерани и членови на ВМРО -ДПМНЕ денеска со панихида на Градските гробишта му оддадоа почит на Драган Богдановски.

Панихида за Драган Богдановски на Градски гробишта

Ова е прв пат да направиме панихида за 8-ми септември-Денот на независноста на Република Македонија, инаку традиционално правиме панихида за денот кога е роден и денот кога е починат Драган Богдановски - рече Злата Божиновска , член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

На панихидата се обратија Мане Јаковлески и Тодор Петров, а Виолета Сековска читаше песна за херојот.

Драган Богдановски  е роден во село Клечовце на 18 септември 1929 година, а починал во Фредериција, Данска на  31 мај 1998 година. Тој е еден од најпознатите македонски политички емигранти по 1945 година и еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ. Богдановски 30 години бил во челните редови на патриотски настроената македонска емиграција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk