Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во црквата „Свети Никола“ во Куманово, денеска се одржа панихида за загинатите полицајци во Диво насеље.
Организатори на панихидата беа граѓани од Диво насеље, кои сакаа да им оддадат почит на бранителите кои ги положија своите животи за Македонија.
„Никогаш нема да ги заборавиме тие вечно ќе живеат во нашите срца. Никогаш да не се повтори тој кобен 9- мај. Би сакал овој говор да не беше помен, да бевме сите тука да зборуваме за убави нешта, - изјави Миле Петларски, жител на Диво насеље.
На панихидата присуствуваа градоначалникот Зоран Дамјановски, пратеникот Зоран Георгиевски, бранителот Јохан Тарчуловски, претставници на политички партии, здружението на бранители, невладини организации, граѓани од Куманово и други градови.
Панихидата ја служеа 10 свештенци од кумановско-осоговската епархија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk