Папата Фрањо пристигна во Скопје

07.05.2019 07:45 | KumanovoNews

Папата Фрањо утринава пристигна во Скопје. На Скопскиот аеродром го пречекаа претседателот во заминување Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев.

Папата Фрањо пристигна во Скопје

Неговата посета се совпаѓа со 25 годишнината од воспоставување на дипломатските односи меѓу Република Македонија, односно Република Северна Македонија и Ватикан. Ова е прва посета на папа на Македонија.

По официјалниот пречек во претседателската вила на Водно, папата ќе се сретне со Иванов, со премиерот Зоран Заев, со претставници од граѓанскиот сектор и со дипломатскиот врв. Во текот на неговиот престој, тој ќе се сретне и со верските поглавари и со сиромашни.

Посетата папата Фрањо ќе ја заврши посетата во попладневните часови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk