Пари од ИПА ќе го довршат Домот на култура во Матејче

05.01.2015 13:42 | KumanovoNews

Со 200.000 евра од ИПА фондовите за прекугранична соработка со Косово, ќе се доврши и уреди Домот на културата во липковското село Матејче.

Пари од ИПА ќе го довршат Домот на култура во Матејче

Објектот сега е во фаза на карабина и се очекува за година дена да профункционира.

“Голем дел од објектот е веќе завршен. За салата внатре ќе аплицираме повторно во европските фондови, каде ќе ни се укаже прилика за добивање на средства“ - вели Дије Арифи од секторот за урбанизам во општина Липково.

Во проектот за изградба на Домот на културата во Матејче инвестираше државата и општината Липково.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk