Парична казна за тројца кумановски полицајци

03.04.2010 11:28 | KumanovoNews

  Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка  тројца полицајци од СВР Куманово се санкционирани поради сторени повреди во работењето.

Парична казна за тројца кумановски полицајци

 Поради пречекорување на службените овластувања, согласно одредбите од Колективниот договор на МВР, парично се казнети  полициските службеници М.Е., Л.П. и  Ж.М..

М.Е. помлада референтка за лични карти во СВР Куманово,  во компјутерска евиденција внела невистинити податоци и добила парична казна во износ од 20% од месечната плата во траење од шест месеци.

Л.П. полициски службеник во полициска станица Куманово, оневозможил полициски службеник да преземе соодветни мерки и во наредните три месеци ќе му се одбива од платата по 15% .

 На Ж.М. полициски службеник во полициска станица Куманово, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од еден месец, бидејќи бил под дејство на алкохол за време на работа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk