Парична помош за „Порака наша“

24.03.2016 14:20 | KumanovoNews

Марјан Јовановски, кумановец кој живее и работи во Германија, донираше 500 евра за потребите на Центарот за лица со попреченост „Порака наша“.

Парична помош за „Порака наша“

„Да се заблагодарам на моите пријатели од Германија што помогнаа во оваа донација за лицата со посебни потреби. Апелирам до сите невладини организации и добронамерни луѓе да помогнат колку што можат за се реализира овој проект“, - изјави Јовановски.

Донаторот беше примен од градоначалникот Зоран Дамјановски во општината Куманово.

„Во моментот самиот објект има потреба од реконструкција, бидејќи имаме оштетувања на кровната конструкција. Имаме изработена спецификација и целата реконструкција ќе чини околу 280.000 денари, - вели Дамјановски.

Во името на родителите и луѓето кои работат во Порака наша, се заблагодари Дејан Стојановски.

„Ние се обидуваме да бидеме самоодржливи, меѓутоа сепак тоа е еден процес на почеток, потребна ни е помош за да можеме да застанеме на свои нозе. Ваквите форми на некој начин напредуваат и се формираат нови, кои подразбираат поквалитетен инклузивен живот на лицата со попреченост- рече Стојановски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk