Парични казни за десетмина кумановци кои не го почитувале полицискиот час

09.04.2020 13:33 | KumanovoNews

 Основиот суд Куманово, вчера донесе десет пресуди, со кои десет лица се огласени за виновни за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија и се осудени на парична казна од по 100 дневни глоби, во вкупна денарска противвредност од 61.500,00 денари.

Парични казни за десетмина кумановци кои не го почитувале полицискиот час

- Наведените кривични дела обвинетите ги сториле на начин што, за време на пандемија, како епидемија од глобални размери, со одлука на СЗО, на 25.03.2020 година, на 28.03.2020 година, на 30.03.2020 година, на 01.04.2020 година, на 02.04.2020 година и на 03.04.2020 година, во истите околности, за време на пандемија од глобални размери, постапилe спротивно на Одлуките на Владата на РСМ од 23.03.2020 година и 25.03.2020 година, со кои се определуваат мерки за забрана и посебен режим на движење на територија на државата, од 21,00 часот до 05,00 часот и од 16,00 до 05,00 часот, односно, не ја почитувале забраната за движење, во наведениот период, - соопштуваат од Кумановскиот суд.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk