Парични казни за инспектор и полицаец од СВР Куманово

09.02.2015 09:13 | KumanovoNews

Минатата недела парично се казнети еден инспектор и еден полицаец од СВР Куманово.

Парични казни за инспектор и полицаец од СВР Куманово

На С.Ф. самостоен инспектор за економски криминалитет во СВР Куманово, изречена му е мерка парична казна бидејќи за превземените мерки не доставил известување до ОЈО, иако бил должен да го стори тоа во рок од 30 дена од денот на приемот на актот.

Џ.Г. полицаец во Полициска станица од општа надлежност Куманово, заработи парична казна затоа што не постапил по наредба за присилно приведување на осудено лице и не носел капа додека бил на работа.


На ниво на држава парично се казнети 38 полициски службеници.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk