Парични награди за најдобрите математичари

26.03.2015 09:46 | KumanovoNews

 Основците и средношколците кои освоиле прво, второ и трето место на меѓународен натпревар по математика во учебната 2014/2015 година, можат до 30 јуни годинава да аплицираат за парични награди во Министерството за образование и наука.

Парични награди за најдобрите математичари

Под меѓународен натпревар се подразбира натпревар, на кој учествуваат ученици од најмалку десет различни држави. Министерството за образование и наука ќе додели, поединечно, парична награда во износ од 50% од просечната нето плата исплатена по работник во Република Македонија во последниот месец пред доделувањето за освоено прво место, 40% за освоено второ место и 30% за освоено трето место.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk