Парично казнет полицаец од СВР Куманово

26.10.2015 08:25 | KumanovoNews

 Во текот на октомври поведена е дисциплинска постапка и парично е казнет еден полицаец од СВР Куманово.

Парично казнет полицаец од СВР Куманово

На полицаец во Полициска станица од општа надлежност Куманово, СВР-Куманово, изречена му е мерка парична казна во висина од 15% од месечната плата за шест месеци, затоа што избегнал извршување на работни задачи во ПЕП, така што не ја зел потребната опрема и за истото не го известил непосредниот старешина.

Истовремено донесени се 30 решенија против 30 вработени во Министерството за внатрешни работи, поради сторени повреди во работењето. Притоа, на 22 вработени изречена им е мерка  парична казна и на осум вработени мерка писмено предупредување.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk