Парично казнет полицаец од СВР Куманово

10.08.2015 08:10 | KumanovoNews

Дисциплинска постапка е поведена во изминатиов период против полицаец од СВР Куманово и донесено е решение за негово парично казнување.

Парично казнет полицаец од СВР Куманово

На полицаец во ПС од ОН Куманово, СВР Куманово, изречена му е мерка парична казна,  во висина од 15 отсто од месечната плата за три месеци затоа што несовесно ги извршувал работните задачи.

Донесени се вкупно 11 решенија против 11 вработени во Министерството за внатрешни работи, поради сторени повреди во работењето.  Притоа, на девет вработени изречена им е мерка парична казна, на еден вработен, мерка распоредување и на еден вработен мерка отказ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk