Паркот во Меморијалниот центар АСНОМ плива во вода

24.01.2015 12:38 | KumanovoNews

Паркот во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце е преполн со вода, која се  излеа од надојдената река Пчиња.

Паркот во Меморијалниот центар АСНОМ плива во вода

Вработените од Музеј Куманово, велат дека синоќа и утрово го посетиле Музејот, и како превентива ставиле земја и песок за водата да не навлезе во објектот.

“Вработените благовремено реагираа и ставија земја и песок пред музејот. Вода од надвор не е влезена во објектот, но од внатре преку ѕидови, канализација има повлечено малку вода. Ќе чекаме да се повлече реката Пчиња и да видиме што ќе треба да се санира“ - вели Анита Цветановска, директорка на Музеј Куманово.

Цветановска се надева дека нема да имa нови врнежи и дека водата ќе се повлече од дворот на музејот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk