Партиите до полноќ да пријават членови за избирачките одбори

29.08.2017 14:05 | KumanovoNews

 Ноќеска до полноќ, политичките партии имаат обврска да достават листи со членови за избирачките одбори, за престојните локални избори на 15 октомври.

Партиите до полноќ да пријават членови за избирачките одбори

„Општинската изборна комисија ќе работи до полноќ, бидејќи е последен ден кога политичките партии можат да поднесат листи со членови за избирачки одбори. До сега ни една од партиите нема доставено листа и како по обичај тоа ќе го направат во последен момент “, - велат од ОИК.

 Право на свои членови во избирачките одбори имаат партиите СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и БЕСА.   

                                                                           (фото: архива- kumanovonews)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk