Партиите организирано за 8 март

08.03.2011 09:55 | KumanovoNews

 Двете најголеми партии СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, денеска ќе организираат повеќе активности по повод 8 март, Денот на жената.

Партиите организирано за 8 март

Во 11 часот,  жените на  ВМРО ќе го посетат гинеколошко-акушерското одделение во Општата болница Куманово, додека членките на СДСМ, Домот за стари лица „Зафир Сајто„. Унијата на млади сили на ВМРО, напладне ќе подаруваат цвеќа на припадничките на понежниот пол на Грдскиот плоштад, додека во СДСМ ќе се организира коктел.

И покрај тоа што е работен ден, а жените велат дека не слават, сепак денеска очекуваат внимание и подарок.  Нема да изостане и традиционалното дружење на жените во рестораните и кафулињата.

 
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk