Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Осумдесет и шестгодишен старец е повреден во сообраќајна незгода на улицата „Доне Божинов“ во Куманово.
Според МВР, сообраќајката се случила вчера во 10.05 часот, кога патничко возило „фолксваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(48) од Куманово удрило во пешак С.М.(86) од Куманово.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk