Пасатот ја скара власта и опозицијата

06.03.2012 16:17 | KumanovoNews

 Советниците од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција го обвинија градоначалникот дека недомаќински ги троши народните пари, па наместо да ги решава проблемите со водоснабдувањето и да инвестира во инфраструктурата, набавува луксузни возила.

Пасатот ја скара власта и опозицијата

Општината Куманово набави нов, црн службен пасат, кој чини 29.000 евра. Со овој службен автомобил платен со парите на кумановци се вози првата дама на општинската администрација Валентина Алексовска.  Го повикувам градоначалникот да ги врати парите од новиот службен пасат и да ги употреби за реалните потреби на граѓаните- изјави Стефан Трајановски од советничка група на ВМРО ДПМНЕ.

Градоначалникот Зоран Дамјановски вели дека одлуката за купување на возилата е донесена на Советот на Општината за што согласност дале и советниците на ВМРО-ДПМНЕ, а со возилото ќе се служи целата општинска администација а не само секретарот на Општината.

Поради безбедносни причини и како репрезент на Општината го набавивме возилото. Тоа не е луксузно возило туку е безбедно возило, и чини со оперативен лизинг на 4 години чини 29.000 евра. Цената е утврдена со предвидените буџетски сретства што ги изгласа Советот. Тоа возило е за целата општинска администрација и опслужува 36 вработени раководни лица и началници во Општината- тврди Дамјановски.

 Покрај пасатот за потребите на локалната администрациај е набавена и шкода фелиција, откако се продадени три стари возила.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk