Патарините ќе примаат метални евра

05.08.2013 13:59 | KumanovoNews

 На патарините во државата странците ќе можат да плаќаат со метални евра, за да се намалат редиците што во изминатите неколку дена ги создадоа туристите кои транзитираат низ државата.

Патарините ќе примаат метални евра

Истовремено, на патарината Романовце на автопатот Куманово-Скопје, обезбедени се четири ленти за наплата во правецот кон Скопје, а од спротивната насока ќе се користи само една додека не поминат летните гужви.

Во јавноста  излезе информација дека не е овозможено плаќање на патарините со евра. Тоа е овозможено, но проблем беше што не се примаа железни монети. Од вчера и тоа е воспоставено како можност за да не претставува застој. Исто така, овозможивме од пет можни  рампи четири да се отворени за дестинацијата каде  има поголем број возила. Овие два дена имаше енормен број возила како никогаш досега во последните 15 години и затоа имаше таков застој - изјави министерот Миле Јанакиески.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk