Патиштата во Куманово проодни, се чистат во Нагоричане и Липково

13.01.2015 11:53 | KumanovoNews

Со механизација и денеска се расчистуваат патиштата во општините Старо Нагоричане и Липково, а во општина Куманово сите патишта се проодни.

Патиштата во Куманово проодни, се чистат во Нагоричане и Липково

Екипи од Дирекцијата за заштита и спасување ги чистат патиштата кон селата Малотино, М'гленце, Рамно и Буковљане. Поради дефекти во електродистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија се селата Цветишница, Длабочица и Рамно.

Во општина Липково екипи од Македонија пат фрлаат песок и ги чистат патиштата кон селата Липково, Матејче, Виштица, Ропаљце - Никуштак и Речица - Ваксинце - Лојане.

Од Регионалниот центар за управување со кризи препорачуваат внимателно возење во утринските, вечерните часови и на осојничавите места.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk