Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Студенти и пензионери од Куманово се почесто го користат железничкиот превоз, откако е воведена можноста за бесплатното патување.
Од Железничка станица Куманово потврдуваат дека е зголемена фреквенцијата на патници во возовите.
Младите се информирани и се почесто прашуваат за користење на бесплатното возење. Најачесто одат со воз до Скопје и потоа со последниот воз во 23 часот се враќаат назад. И студенти кои студираат во Прилеп патуваат со воз, бидејќи тоа е подолга релација. Пензионерите најчесто користат железнички превоз до Скопје и се распрашуваат за кога ќе одат во бања Негорци да отпатуваат до таму со воз, - вели Танчо Спасовски, благајник на Железничка станица.
Овој викенд, право на бесплатен превоз имаат пензионерите. Секој четврток гратис возење има за студентите, а секој трет викенд во месецот бесплатно се возат младите до 27 години.
Мерката за бесплатен железнички превоз за младите, студентите и пензионерите стартуваше од јули.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk