Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Идниот советник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Николај Павловски на денешната прес-конференција информираше дека цело Куманово е преплавено со флаери со негативна содржина за нарушување на угледот на независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски.
„Недемократскиот и неетички изборен процес во Куманово продолжува засилено и во последните денови од кампањата за локални избори. Црната пропаганда не стивнува! Цело Куманово е преплавено со флаери кои имаат негативна содржина за нарушување на угледот на нашиот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски. Флаери се фрлаат по улици, на јавен
простор, во влезови, без тронка совест за нашата животна средина. На јавни површини се појавуваат негативни графити, се загадува и уништува околината со една единствена цел да победат на изборите со притисоци, местенки, лажни обвинувања и црна пропаганда! Епа, нема да ви помине! Црната пропаганда која поединци од власта ја спроведуваат со цел оцрнување на против кандидатите кај кумановци не поминува“, изјави Павловски.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk