Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кандидатот за советник во идниот совет на општина Куманово Николај Павловски, денеска одржа прес-конференција на која информираше за проектите кои ќе се имплементираат во секторот култура по победата на локалните избори.
„Културата е многу важен сегмент од нашето општествено живеење. Преку културните манифестации и творења, културата ги спојува луѓето, обединува нации и гради бројни соработки. Куманово е град во кој живее културата и уметноста. Куманово е градот во кој мора истата и понатаму да продолжи да се негува и развива. Би сакал да истакнам дека во изминатите 4 години поддржани се повеќе од 130 настани преку Фондацијата за култура и спорт „Куманово“. Во идниот мандат, имаме за цел дополнително да придонесеме кон вреднување на трудот на локалните културни работници, зголемувајќи ја мотивацијата за нивни нови достигнувања, со што ќе ги
охрабриме да продолжат да вложуваат труд во она што го прават и да го развиваат својот талент“, рече Павловски.
На прес-конференцијата, Павловски истакна дека со квалитетна културна и уметничка програма ќе се збогати социјалниот живот на граѓаните во градот, обезбедувајќи им активности и настани кои ќе им приредат забава,
релаксација и можност за дружење и социјализација, преку следење на квалитетни програми и настани во сите сфери од културно-уметничкиот живот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk