Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кандидатот за советник од граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“ Николај Павловски, денеска одржа прес-конференција на која информираше за проекти кои се предвидени да се реализираат доколку ја добијат поддршката на граѓаните, а се однесуваат на подобрување на животот на младите лица од Општина Куманово.
„Како иден советник, ќе направам сè што е во моја надлежност за да го подобрам квалитетот на живот на сите млади, затоа сум како млад човек и знам што му е потребно на Куманово. Ќе ги набројам проектите кои значат - Општина Куманово пријател на младите лица. По победата на 17-ти октомври, како локална власт од граѓаните и за граѓаните следува: подобрување на условите во училиштата преку реконструкција на објектите на сите општински училишта, проширување на нови капацитети и изградба на ново средно училиште, изградба на ново модерно спортско игралиште за секој училишен објект на територија на Општина Куманово и партерно уредување на училишните дворови по примерот на „Наце Буѓони”, отворање на Mладински интеркултурен културен центар во Дом на пионери - Куманово, гасификација и вложување во енергетска ефикасност на општинските училишта и формирање на средношколски младински центар во рамките на Младинскиот центар при Општина Куманово“, рече Павловски.
Како важни приоритет за младите Павловски најави и формирање на: јавна соба - простор за млади лоциран на поткровје на Затворениот градски базен, со отворен и затворен простор, со ИТ опрема, простор за релаксација, едукација и забава, центар за координирање и соработка на средни стручни училишта, бизнис сектор и АВРМ, како и стипендирање за најдобри ученици, поддршка и промоција на техничко-технолошки и иновативни решенија, проектирани од страна на ученици и поддршка на млади културни уметници...
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk