Пазарна инспекција:Да не се продава алкохол по 19 часот

02.10.2015 08:10 | KumanovoNews

На сите вршители на трговска дејност кои имаат лиценца за продажба на алкохол  согласно Законот за трговија, им се забранува продажба на алкохолни пијалоци од 19 до 6 часот,  од денеска па се до 30 април следната  година.

Пазарна инспекција:Да не се продава алкохол по 19 часот

Сите угостителски објекти треба да се придржуваат кон одредбите на Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушење во делот на почитување на работно време, забрана на точење алкохол на малолетници и забрана за пушење на тераси кои се преградени на несоодветен начин.

Истовремено од Државниот пазарен инспекторат информираат дека во периодот од 1 мај до 30 септември годинава,  забраната за продажба на алкохолни пијалоци беше од  21 до 6 часот наредниот ден.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk