Пазарната инспекција казни четири кумановски фирми

26.12.2014 09:26 | KumanovoNews

 Државниот пазарен инспекторат изрече четири парични казни за кумановски фирми, по спроведени контроли од 15 до 19 декември.

Пазарната инспекција казни четири кумановски фирми

Издадени се два платни налози  по Закон за трговски друштва во износ од  30.750 денари, наплатен е еден платен налог во износ од  37.020 денари и издадена е една покана за наплата на глоба во износ од  12.300 денари.

Казнети фирми во истиот период има и во Гостивар, Штип, Охрид, Струга, Битола и други градови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk