Пазарната инспекција во акција

18.03.2015 13:09 | KumanovoNews

Државниот пазарен инспекторат во период од 9 до 13 март, изврши контроли во повеќе кумановски фирми, при што се изречени парични глоби и привремени забрани за работење.

Пазарната инспекција во акција

Изречена е една мандатна казна по Закон за угостителска дејност, во износ од 123.000 денари, за правното лице и 30.750 денари за  одговорното лице во правното лице.

Издадени се 2 платни налози во износ од по 12.300 денари. Решение за  привремена забрана 30 триесет дена по Закон  за трговија, решение за  привремена забрана 10 дена, прекорашување на работното време и решение за привремена забрана во траење од 7 седум дена по Закон за заштита од пушењето. Истовремено одземена е стока во износ од 5.999 денари  пo Закон за  трговија.

 На ниво на Македонија извршени се 780 надзорни контроли, од кои 378 по Закон за трговија, 90 по Закон за угостителска дејност, 39 по Закон за метеорологија, 38 по Закон за занаетчиска дејност, 60 по Закон за пушење и други.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk