Пчелари од регионот во Бугарија ќе изложуваат мед

24.11.2014 09:30 | KumanovoNews

Петнаесет пчелари од североисточниот регион, од 27 до 30 ноември, ќе учествуваат на меѓународен саем во Банско, Бугарија, каде ќе ги изложат своите производи.

Пчелари од регионот во Бугарија ќе изложуваат мед

  „Саемот ќе се одржи во Музејот “Никола Вапцаров“ каде нашите пчелари ќе имаат штанд. Ќе се претстават со мед, пчелни производи и дел од опремата која ја користат. Ова е убав начин да се промовираат во соседството“ - вели Стојко Ивановски, секретар во Здружение на земјоделски производители Куманово.

Здружение на земјоделски производители Куманово го организира учеството на саемот заедно со пчеларите од Разлог.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk