Пчеларите ќе одат на саем во Сталаќ

19.03.2015 09:15 | KumanovoNews

Пчеларите од пчеларското здружение “Пчела“, на 11 април ќе посетат саем во гратчето Сталаќ, соседна Србија.

Пчеларите ќе одат на саем во Сталаќ

“Досега се пријавени 22 кумановски пчелари, а пријавувањето сеуште трае. Ќе посетиме саем кој е многу поголем од саемот кој ние во Куманово го организираме. Србите се многу понапред од нас во поглед на развој на пчеларството. Посетата на саемот ќе биде еднодневна“ - изјави Бранко Тасевски, претседател на “Пчела“.

На саемот пчеларите ќе видат современа пчеларска опрема и ќе слушаат предавања за одгледување на пчели.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk