Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Триесетина кумановски пчелари на 26 април ќе посети фабрика за пчеларска опрема и плечарник во Крагуевац, Србија.
Пчеларникот кој ќе го посетиме е огромен, современ, има над 600 кошници со пчели. Тој пчеларник е подвижен така што кошниците се на камион и ги носат од место на место каде има паша. Кога цвета сончоглед ги носат близу полиња, потоа кога цветаат овошки ги преместуваат во нивна близина. Тоа е вистинско пчеларство и Србите се многу понапред од нас на ова поле - вели Бранко Тасевски, претседател на пчеларско друштво “Пчела“.
Секоја година кумановските пчелари реализираат по една теренска посета на пчеларник за да ги збогатат своите знаења за одгледувањето на пчели.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk