Пчеларите ќе се едуцираат за органско пчеларство

13.06.2014 10:34 | KumanovoNews

Македонските и бугарските пчелари ќе се едуцираат за органско пчеларство преку проектот “Заедно за почист свет - апинет“ финансиран од ИПА фондовите за прекугранична соработка.

Пчеларите ќе се едуцираат за органско пчеларство

Проектот ќе трае 14 месеци, а го реализираат Здружение на земјоделски производители Куманово и Здружение на регионална иницијатива филијала Разлог од Бугарија. Пчеларите ќе следат предавања за органско пчеларство, ќе реализираат посети на пчеларници во двете земји и на крај ќе има заеднички саем на мед во Бугарија.

  - Ќе ги запознаеме со органско пчеларство и ако имаат желба да почнат со тоа да се занимаваат. Во таа насока ќе бидат активностите од проектот. Македонските пчелари ќе посетат пчелари во Бугарија и обратно и ќе направиме заедничка изложба на мед и пчелни производи - вели Огнен Иванов, раководител на проектот.

Целта е преку проектот пчеларите да се мотивираат да ги искористат природните ресурси за органско пчеларство.

   - Се што ќе се произведе од органско пчеларство ќе биде органски и еколошки чисто за што ќе има сертификат. Не само медот, туку и прополисот, млечот, и другите пчелни производи. Нашите пчелари ќе видат како се работи во Бугарија, а тие ќе видат како се работи кај нас - изјави Нако Николовски, претседател на Здружение на земјоделски производители Куманово.

“Заедно за почист свет“ е проект кој ќе влијае и на јавната свест за конзумирање на органски производи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk