Пченицата годинава ќе се продава по 11 денари

09.07.2015 09:43 | KumanovoNews

Оваа цена вчера ја договорија мелничарите и земјоделските здруженија, на состанок во Министерството за земјоделство.

Пченицата годинава ќе се продава по 11 денари

Оваа цена треба да важи за минимален квалитет на пченицата за производство на леб.

Државниот инспекторат за земјоделство, на барање на земјоделците, ќе врши дополнителна контрола во мелничките капацитети, доколку производителите на жито имаат реакции на проценките за квалитетот на предадената пченица.

За оние производители кои не сакаат пченицата веднаш да ја продадат, а немаат сместувачки капацитети, мелничарите им нудат минимални цени за оваа услуга или бесплатно доколку подоцна ја продадат кај нив.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk