Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Договорена е изградбата на водоводната мрежа во селото Пчиња. Проектот ќе чини околу 250.000 евра, а средствата се добиени од Европска инвестициона банка.
На средба со министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, месното население и градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски договорено е да се реализира овој проект со дел од парите, кои општината ги доби пред 3,5 години во висина од 3,5 милиони евра.
Ние сега сме во фаза на изработка на линиски инфраструктурен проект за село Пчиња водоводна мрежа.По проценката, за водоводната мрежа се потребни околу 250.000 евра за Пчиња. - изјави градоначалникот.
За потребите на водоводот ќе се изградат бунари, од каде ќе се црпат потребните количини на вода за селото.
За 4 до 5 месеци проектите ќе бидат во фаза на апликација. Ако средствата не се искористат до 2017 година, ќе треба да се вратат назад во Европска инвестициона банка. Со сретствата од 3,5 милиони евра планирана е и изградба на канализација за Романовце во висина од 900 000 и за Тромеѓа.
Жителите на Пчиња на почетокот на месецот ја блокираа депонијата Краста, со барање да се исполни ветувањето на локалната самоуправа да добијат водоводна мрежа во селото. Прво градоначалникот тврдеше дека се утврдени приоритетите каде ќе се потрошат парите на Европската банка, но откако во проблемот се вмеша претставници од централната власт се најде решение.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk