Пчиња ќе се порибува со македонска пастрмка

28.10.2014 12:24 | KumanovoNews

Риболовци од Спортско риболовно друштво “Пчиња“, утре ќе порибуваат на две локации по течението на реката Пчиња.

Пчиња ќе се порибува со македонска пастрмка

Пчиња ќе биде порибена со автохтона македонска пастрмка.

“Во порибувањето ќе се вклучат наши членови. Река Пчиња ќе ја порибиме со 30 кг пастрмка или 7000 парчиња риба. Тоа се мали риби кои ќе пораснат и ќе го збогатат рибниот фонд„- вели Бранислав Димовски, претседател на “Пчиња“.

Ова риболовно друштво секоја година организира акции за порибување на реките во кумановско.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk