Пчиња порибена со пастрмка

02.11.2013 12:14 | KumanovoNews

Со 30 килограми пастрмка вчера беше порибена река Пчиња, информираат од Спортско риболовно друштво “Пчиња“.

Пчиња порибена со пастрмка

Во акцијата се вклучиле десетина рибочувари и риболовци.

Се пориби река Пчиња на локации во близина на градот. Не откриваме точно за кои места се работи за да не биде пастрмката уловена од рибокрадци. Ова ни е законска обврска и еднаш годишно во месец ноември се порибува текот на реката. Оваа година водостојот не е на некое завидно ниво, но состојбата е таква и порибувањето се изврши - рече Бранислав Димовски, претседател на “Пчиња„.

Со порибувањето ќе се обнови рибниот фонд во реката.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk