Пчиња повторно се излеа

03.02.2015 09:16 | KumanovoNews

Реката Пчиња синоќа по 18 часот се излеа во атарот на селата Шупли Камен, Зубовце, Пчиња и Студена Бара.

Пчиња повторно се излеа

Притоа поплави само обработливо земјоделско земјиште. Ако денеска временските услови бидат поволни, водата ќе се врати назад во речните корита и ќе почне санација на поплавениот терен. Другите реки во кумановско засега се стабилни.

“Реките Kојнарка и Липковка се стабилни по своето течение, но со зголемени водостои. Соодветните испуштања на водата од хидроакумулациите Липково и Глажња кои ги прави Водостопанство Кумановско Липковско поле, доведуваат до зголемување на водостојот на реките Липковка и Кумановка, но истите се со дозволеното ниво. Нивото на  притоките на Пчиња,  Бистрица, Тополница и Петрошница е ниско и немаат некое големо влијание на зголемување на севкупното ниво на Пчиња во општината Старо Нагоричане“ - стои во соопштението од РЦУК.

 Во општина Липково зголемени се водостоите на реките Матејчанка, Слупчанка и Липковска река.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk