Пчињани бараат затворање на Краста

05.09.2013 14:54 | KumanovoNews

 Жителите од селото Пчиња ќе бараат од Министерството за животна средина трајно затварање на депонијата, а доколку тоа не се случи до 1 ноември ќе организираат масовни протести и ќе ја блокираат Краста.

Пчињани бараат затворање на Краста

Пет години проблемот со депонијата стои во место. Општината и месната заедница потпишаа меморандум за соработка, но од страна на градоначалникот ништо не е испочитувано. Никој не води сметка за депонијата. Таму има постојано Роми кои собираат пластика и можно е и тие да го запалиле огнот. Тоа што не го санираа пожарот на време создаде единство кај нас. На протест имаше членови на ВМРО - ДПМНЕ и на СДСМ.- изјави Дејан Трендевски, претседател на месната заедница во селото Пчиња.

Тој вели дека проблемот со депонијата не е политички, туку еколошки проблем.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk