Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 14 точки, а советниците ќе расправаат за нови вработувања во Куманово-гас, утврдување на цената за користење на спортските терени на Соколана, измена на режим на сообраќај на неколку улици, разрешување и именување на членови на комисии и управни одбори и др.
Дневен ред:
1. Програма за измена и дополнување на Програмата за работа на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2021 година;
2. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за вработување на определено време на двајца извршители (даватели на услуги);
3. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2021 година;
4. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за јавен градски и меѓуградски превоз за 2021 година;
5. Предлог – Одлука за начин на користење на отворено спортско игралиште „Соколана“ Куманово и утврдување на цена на влезници за 2021 година;
6. Предлог – Одлука за измена на режим на сообраќај на крак од улицата „Иво Лола Рибар“ (Нагорички сокак) во Куманово;
7. Предлог – Одлука за измена на режим на сообраќај на дел од улица „Димитар Влахов“, дел од улица „Ленинова“ и крак на улица „Октомвриска Револуција“ во Куманово;
8. Измена и дополнување на планот и програма за развој на Општина Куманово за 2021 година;
9. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2021 година;
10. Предлог - Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Куманово;
11. Предлог - Решение за разрешување и избор на претседател на Комисијата за образование, култура и спорт на Советот на Општина Куманово;
12. Предлог - Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија на Советот на Општина Куманово;
13. Предлог - Решение за разрешување и именување на член на Управен одбор на Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови „Куманово - план“ Куманово;
14. Предлог – Решение за измена на Решението за определување на членови на Советот на Општина Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk