Педесет и прва седница на Совет

12.09.2011 10:46 | KumanovoNews

Советниците утре ќе ја одржат педесет и првата редовна седница на Советот. Седницата ќе се одржи во кружната сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10 часот.

 
Педесет и прва седница на Совет

На дневен ред се 17 точки.

1.    Извештај за деловно финансиско работење на ЈП ‘‘Чистота и зеленило‘‘ – Куманово за период Април – Јуни 2011 година;

2.    Предлог - Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општината Куманово  за 2011 година;

3.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2011 година;

4.    Предлог – Програма за  дополнување на Програмата за развој на спорт и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2011 година;

5.    Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Куманово за 2011 година;

6.    Предлог - Одлука за давање согласност за oтпочнувањето и имплементацијата на проектот “Бизнис информативен и тренинг центар”;

7.    Предлог – Одлука за давање согласност на Центарот за развој на Третиот  - североисточен плански регион, за разработка, аплицирање и спроведување на Проектот ‘‘Сите деца учат заедно – Прекугранична мрежа на инклузивни училишта‘‘  во О.У. ‘‘Толи Зордумис‘‘ – Куманово;

8.    Предлог – Одлука за давање согласност на Центарот за развој на Третиот  - североисточен плански регион, за разработка, аплицирање и спроведување на Проектот ‘‘Сите деца учат заедно – Прекугранична мрежа на инклузивни училишта‘‘  во О.У. ‘‘Бајрам Шабани‘‘ – Куманово;

9.    Предлог – Одлука за давање согласност на Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ‘‘Порака наша‘‘ – Куманово, за аплицирање и имплементација за проектот ‘‘Реконструкција и доградба на објектот дневен центар со групно домување;

10.    Предлог – Одлука за давање  согласност на СОУ Гимназија ‘‘Гоце Делчев‘‘ Куманово за аплицирање и имплементација на проектот ‘‘Подобрување на еколошка образовна инфраструктура и придонес во развојот на Еколошкото образование во училиштата од трансграничен регион помеѓу Ќустендил и Куманово со партнер од Ќустендил – Гимназија ‘‘Проф. ‘‘Емануел Иванов‘‘;

11.    Предлог – Одлука за исплата на парични средства од Буџетот на Општина Куманово за 2011 година од ставка Тековни резерви, за ангажирање на противпожарни работници;

12.    Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2011 година;

13.    Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од У.Е ‘’11 – ти Ноември‘‘, дел од урбан блок 65, Плански опфат меѓу ул. ‘’11 – ти Ноември‘‘, ул. ‘‘Никола Вапцаров‘‘ и пешачка улица- Општина Куманово;

14.    Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од УЕ ‘‘Тоде Мендол‘‘, дел од УБ 61, Плански опфат меѓу ул. ‘‘Тоде Мендол‘‘, ул. ‘‘Ѓуро Ѓаковиќ‘‘, ул. ‘‘Доктор Рибар‘‘ и ул. ‘‘Караорман‘‘ - Општина Куманово;

15.    Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт Детален урбанистички план за дел од У.Е. ‘‘Бајрам Шабани‘‘, дел од Урбан блок 55-г и дел од Урбан блок 54, Плански опфат меѓу ул. ‘‘Франц Розман‘‘, КП 23702/2, КП 23703/2,, ул. ‘‘Максим Горки‘‘ и пешачка улица -  Општина Куманово;

16.    Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од УЕ ‘‘Х.Т.Карпош‘‘, дел од УБ 64-е, Плански опфат меѓу ул. ‘‘Киро Фетак‘‘, ул. ‘‘Х.Т.Карпош‘‘, ул. ‘‘Јане Сандански‘‘ и ул. ‘‘Трст‘‘ -  Општина Куманово;

17.    Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од УЕ ‘‘Бајрам Шабани‘‘, дел од УБ 56,, Плански опфат меѓу бул. ‘‘Трета МУБ‘‘, ул. ‘‘Перо Наков‘‘, ул. ‘‘Салтир Наумов‘‘ и ул. ‘‘Народна Револуција‘‘ - Општина Куманово                                                           

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk