Педесет и шеста седница на Совет

29.08.2016 08:36 | KumanovoNews

Задутре (среда, 31 август), со почеток во 10:00 часот ќе се одржи педесет и шеста седница на Советот на Општина Куманово. На дневен ред се дваесет и девет точки.

Педесет и шеста седница на Совет

Дневен ред:

1. Информација за превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2016 година;

2. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за II квартал од 2016 година;

3. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за доделување на паричнa помош од Буџетот на Општина Куманово за поплавените региони во Град Скопје;

4. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ Куманово за период од 01.01.2016 – 31.03.2016 година;

5. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ Куманово за период од 01.04.2016 – 30.06.2016 година;

6. Извештај за деловно – финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Март 2016 година;

7. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Март 2016 година;

8. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Април – Јуни 2016 година;

9. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;

10. Извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Куманово за периодот од 1 јануари 2016 година до 30 јуни 2016 година;

11. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2016 година;

12. Предлог – Одлука за определување на имиња на улици со нумерација на објекти во населено место Гладно Поле – Општина Куманово;

13. Предлог – Решение за давање согласност на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово да може да има поголем број на деца во воспитните групи;

14. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Перо Чичо“, дел од УБ 15 плански опфат меѓу ул.”Благоја Думановски”, ул.”Новопланирана”, ул.”Михајло Пупин” и пешачка патека – Општина Куманово;

15. Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Агино Село, Општина Куманово за кое нема урбанистички план;

16. Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Черкези, Општина Куманово за кое нема урбанистички план;

17. Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Горно Којнаре, Општина Куманово за кое нема урбанистички план;

18. Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Пчиња, Општина Куманово за кое нема урбанистички план;

19. Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Студена Бара, Општина Куманово за кое нема урбанистички план;

20. Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Табановце, Општина Куманово за кое нема урбанистички план;

21. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП СЗ – социјална заштита во Г3- сервиси за дел од УЕ „11-ти Ноември“, дел од УБ 66 – Општина Куманово;

22. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП Д2- заштитно зеленило во А1- станбени куќи за дел од УЕ Проевце, дел од УБ 22 за КП 20248- Општина Куманово;

23. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 3714, м.в. Велешки пат, КО Куманово – Општина Куманово;

24. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 21/20, м.в. Кумли Баир, КО Биљановце-вон г.р. – Општина Куманово;

25. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 432/16, м.в. Новине, КО Биљановце-вон г.р. – Општина Куманово;

26. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1621/8, м.в. Поток, КО Орашец – Општина Куманово;

27. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 2298, м.в. Село, КО Клечевце – Општина Куманово;

28. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 3372/1, м.в. Село, КО Градиште – Општина Куманово;

29. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 3904, м.в. Мачја Глава, КО Куманово – Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk