Педесета седница на Совет

22.08.2011 11:03 | KumanovoNews

 Советот на Општината Куманово, утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 18 точки, од кои дел се извештаи за работа на јавните претпријатија и одлуки за донесување на детални урбанистичи планови.

Педесета седница на Совет

1.Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за II квартал од 2011 година;

2.Тримесечен Извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ – Куманово од 01.01.2011 - 31.03.2011 година;

3.Финансиски извештај за работа на Ј.П. ‘‘Пазаришта‘‘ – Куманово за периодот Јануари – Март 2011 година;

4.Финансиски извештај за работа на Ј.П. ‘‘Пазаришта‘‘ – Куманово за периодот Април – Јуни 2011 година;

5.Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП ‘‘Чистота и зеленило‘‘ – Куманово со која се определува цена на гробно место и гробарина;

6.Предлог-Насоки за „безбедни училишта“;

7.Предлог - Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. "11-ти Ноември", дел од Урбан блок 67, Плански опфат меѓу ул. "Србо Томовиќ", ул. "Сава Ковачевиќ"  и  ул. „Боро Прцан“ – Општина Куманово;

8.Предлог - Одлука за донесување на Урбанистички план вон населено место за изградба на стопански комплекс-фабрика за бетон и тули на КП 1942, 1947, 1944, 1949, 1952, 1953, 1954, 1959, 1960, 1961 и 1962/2 КО Горно Којнаре – Општина Куманово;

9.Предлог - Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Тоде Мендол", дел од Урбан блок 62, Плански опфат меѓу ул. "Војо Карастојанов", ул. "Тоде Мендол", ул. „Браќа Филиповиќ“ и ул. "Страшко Симонов" – Општина Куманово;

10.Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од УЕ „Панче Пешев“, дел од УБ 42, Плански опфат меѓу ул. „Ленинова“,  ул. „Пионерска“, ул. „Димитар Влахов“ и ул. „Димитар Влахов 1“ – Општина Куманово;

11.Предлог Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од УЕ „Панче Пешев“, дел од УБ 42, Плански опфат меѓу бул. “Октомвриска Револуција”, ул. “Иво Лола Рибар” и крак на ул.”Октомвриска Револуција” - Општина Куманово;

12.Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од УЕ „Трета МУБ“, дел од УБ 48, Плански опфат меѓу ул. „Перо Шварц“, ул. „Драган Стопаревиќ“, ул. „Ангел Дуцо“ и пешачка улица – Општина Куманово;

13.Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од УЕ „Трета МУБ“, дел од УБ 49, Плански опфат меѓу ул. „Власто Радоњанин“, ул. „Нада Михајлова 1“, ул. „Нада Михајлова“ и ул. „Васил Драгомански“ – Општина Куманово;

14.Предлог - Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за локален економски развој на Советот на Општина Куманово;

15.Предлог - Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за заштита на животната средина и природата на Советот на Општина Куманово;

16.Предлог - Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за социјална, детска и здравствена заштита на Советот на Општина Куманово;

17.Предлог - Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за безбедност, безбедност во сообраќајот и противпожарна заштита на Советот на Општина Куманово;

18.Предлог - Решение за измена на Решението за определување на членови на Советот на Општината Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk