Педесетина првачиња помалку од лани во Куманово

01.09.2016 13:03 | KumanovoNews

Во шеснаесет основни училишта во Куманово, во училишните клупи ќе седнат 1192 првачиња.

Педесетина првачиња помалку од лани во Куманово

Ова е за 47 помалку во однос на минатата година кога биле запишани 1239 ученици во прво одделение.

„По списоците што ги добивме во Министерството за правда оваа година треба да се запишат 1551 дете кои се родени 2010 година. Бројката до денеска е 1192 деца. Се очекува дека во наредните денови ќе се запишат уште петнаесетина деца, кога ќе ја имаме конечната бројка. Сметеме дека отстапувањата ќе бидат околу дваесетина деца помалку во однос на минатата година, - изјави Жико Крстевски, раководител на Секторот за образование во општина Куманово.

Најмногу првачиња 150 има во основното училиште „Христијан Карпош“ во населбата „Перо Чичо“, потоа 145 во „Кочо Рацин“ во населбата „Гоце Делчев“, што следуваат училиштата во централното градско подрачје „Браќа Миладиновци“ 142 првооделенци и “Крсте Мисирков“ со 131 прваче. Најмал број само 10 се во „Вера Которка“ во селото Клечовце, 16 во „Вук Караџиќ“ и 22 во училиштето во Табановце.

Во училиштата каде наставата се изведува на албански јазик, во основното училиште „Бајрам Шабани“ запишано е 91 прваче, а лани биле 145, во „Наим Фрашери“ сега се 137 а лани биле 121.

Во општина Куманово, денеска без проблеми започна наставата за 16.244 ученици од кои 10.988 во основните училишта и 5.256 во средните училишта.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk