Педесетина семејства побарале бесплатни елаборати

17.11.2014 13:47 | KumanovoNews

Четириесет и девет кумановци поднеле барања за добивање на бесплатен елаборат за легализација на дивоградби во Агенцијата за катастар.

Педесетина семејства побарале бесплатни елаборати

Од нив на 29 граѓани веќе им е одговорено позитивно, а останатите барања се во процедура.

“Остатокот се процесуирани и сеуште не се знае дали ќе добијат бесплатни елаборати. Колегите треба да излезат на терен. Се работи за луѓе кои се од социјално ранливи категории чии примања годишни се под 160.000 денари и приматели на социјална и постојана парична помош“ - велат од Агенцијата за катастар во Скопје.

Од таму додаваат дека голем интерес за бесплатни елаборати имало во Кичево од каде се доставени 99 барања, Скопје 466, Струмица 84, Битола имало 43 барања.

Геодетскиот елаборат е основниот документ за легализација, а рокот за доставување на овој документ до општините за да се комплетираат барањата за легализација истекува на крајот на 2015 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk